Во првиот полуфинален натпревар од фудбалската Лига на шампионите, во вторник силите ќе ги одмерат англискиот шампион и лидер во премиелригашкото друштво Манчестер сити и шпанскиот најтрофеен тим со европски „круни“ Реал Мадрид. По пресрет на овој двомеч, денеска прес-конференцијата одржа гтрофејниот шпански стартег, тренер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, кој порача дека мисијата во Лигата на шампионите „граѓаните“ ќе ја исполнат додека тој е на клупата на овој клуб.
-Кога ќе почне сезоната во Лигата на шампионите, ако некој ви каже дека ќе стигнете до полуфинале, веднаш би прифатиле. Секогаш е тешко. Ги добивме сите натпревари во групата, задоволен сум. Но, сега сме тука да се фокусираме само на мечот со Реал. Но, нема да кажам дека сезоната не беше добра доколку не се пласираме во финалето. Многу ги почитувам моите играчи и ривали, вели Пеп.
-Реалноста е дека ние сме тука десет години, да се бориме во Лигата на шампионите. Секогаш е убаво чувството да се биде меѓу најдобрите клубови. Мора да одиграме два одлични натпревари и мислам дека можеме да го направиме тоа. Не треба ни да повторувам колку го почитуваме Реал. Нема да кажам дека не би било убаво да се биде во финалето како Реал, како Баерн, како Ливерпул и да се победи. Не го потценуваме тоа што стигнавме до овие два меча, вели Гвардиола.