Лукаку сака да се врати во Интер

Ромелу Лукаку сака да се врати од Челзи во Интер. „Calciomercato.com” пренесува дека напаѓачот не се чувствува како значајна фигура во лондонскиот клуб и затоа сака да се врати во Интер, каде што почувствува љубов и поддршка. Белгиецот е сериозен во својата намера. Тој сака да се сретне со извршниот директор на миланскиот клуб, Бепе Марота за да разговара за можното враќање.

Интер може само да го изнајми Лукаку, клубот не планира големи инвестиции. Покрај тоа, фудбалерот ќе мора многу да си ја намали платата  за 7-8 милиони евра. Во Челзи добива околу 13-14 милиони евра, додека Интер не може да плати повеќе од 6-6,5 милиони евра годишно.

Белгиецот минатото лето се пресели во Челзи од Интер. За италијанскиот клуб настапуваше од 2019 година.

Дваесет и осумгодишниот фудбалер оваа сезона постигна 12 гола на 39 натпревари за Челзи во сите натпреварувања.

Треба да знаете
Последни објави