Акутелниот македонски кошаркарски првак на МЗТ Скопје во вториот меч на домашната сцена од Суперлигата дојде до првиот триумф, откако вечерва ја искористи предноста на домашниот терен за да ги освои бодовите против гостинот од Кавадарци, Еуро Никел (79:63). Ова беше последен натпревар од 2. суперлигашко-коло, во кој кавадарчани имаа две различни полувремиња. Во првото полувреме гостите пружија силен отпор, но во вториот дел доминираше домќинот и не дозволи да му се случи ново изненадување. Аеродромци победничкиот чекор за освојување на бодовите го направија во третиот период, кога на изедначувањето на противникот (37:37) одговорија со серија 16:5 и го најавија оекуваниот триумф.
Роберт Рикиќ со 18 поени и шест скока беше прво име кај „металците“, додека двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Војдан Стојановски со 14 поени, четири скока и пет асистенции и Дамјан Стојановски со 11 поени и осум скока. Џордан Калахан со 13 и Џексон Дубински со 11 поени беа најпрецизни кај кавадарчани.
МЗТ Скопје сега има скор 20-4 и останува на второто место на табелата, со две победи помалку зад лидерот Пелистер, а пет победи повеќе во однос на третопласираниот Еуро Никел.