Според францускиот весник „Le Parisien“, аргентинскиот фудбалски стручњак Маурисио Покетино (50) по само една сезона ќе ја напушти клупата на ПСЖ. Весникот наведува дека управата на клубот веќе донела одлука, прашање на време е кога отказот на тренерот ќе му биде официјално врачeн.
Веројатни се и промени во раководството на клубот, покрај Покетино отказ би требало да добие и спортскиот директор Леонардо. На неговото место ќе дојде Арсен Венгер, кој го водеше лондонски Арсенал од 1996 до 2018 година.
Покетино во саботата ја потврди титулата во Франција со ПСЖ на четири кола пред крајот на првенството, но може ќе добие отказ норади неуспесите во преостанатите две натпреварувања, Лигата на шампионите и Купот на Франција. ПСЖ, тим преполн со ѕвезди, во овие натпреварувања беше елиминиран во осминафиналето. Аргентинецот треба да добие 15 милиони евра обесштетување за предвремениот раскин на договорот.
Прав желба на газдите од Катар за нов тренер е Зинедин Зидан, иако поверојатно дека Аргентинецот ќе го замени актуелниот тренер на Тотенхем, Антонио Конте.
Италијанецот има договор со Тотенхем на уште една година, но иако успеа тимот да го врати во битката за четвртото место на табелата во Премиер лигата, е разочаран поради скржавоста на претседателот Даниел Леви кој не му ги донесе играчите што му беа ветени.
Доколку Конте си замине од Тотенхем, главен фаворит за негов наследник е токму актуелнииот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино.
Покетино ќе добие отштета од 14 милиони евра од ПСЖ и со задоволство би се вратил на клупата на Тотенхем на која седеше пет години и играше во Лигата на шампионите.