Голманот на шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид, Тибо Куртоа ги искажа своите очекувања пред вечерашниот (21 ч.) прв полуфиналнален натпревар од Лигата на шампионите што ќе го имаат со англискиот првак Манчестер сити, на „Етихад“. Најтрофејниот тим со европски „круни“ Реал Мадрид, е пред ново искушение, но никогаш не се предава.
– Имаме многу тежок противник. Играчите на Манчестер сити се движат многу, сакаат да ја имаат топката во посед. Ќе биде тешко, но верувам дека ќе се снајдеме. Не знам колку „камбекови” успеавме да направиме оваа година. Реал Мадрид има нешто посебно на „Бернабеу”. Ја задржавме надежта против Челзи и тоа ни помогна. И покрај резултатот 3:1 во Лондон, знаевме дека не е ништо готово. Се надеваме на позитивен резултат овде во Манчестер, па во Мадрид ќе се одлучува финалистот, изјави Куртоа.
Првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите Манчестер сити – Реал Мадрид ќе се игра вечер со почеток во 21 часот. з