Правдата е бавна, но секогаш стигнува, порача поранешниот македонски интеранционален ракометен судија Марјан Начевски кој по скоро една година го доби спорот со Ракометната федерација каде му беше изречена дисциплинска казна за доживотно исклучување од овој спорт. Одлуката на РФМ за ништовна едногласно ја донел Арбитражниот суд при Европската ракометна асоцијација (ЕХФ ) во Виена каде Начевски ја побарал правдата. Во пресудата до која дојде „24 инфо“ се вели:
• одлуката со бр. 09-213/1 на Првостепената дисциплинска комисија на
РФМ од 07.05.2021 година се прогласува за ништовна;
• одлуката со бр. 10-227/1 на Комисијата за жалби при РФМ од 21.05.2021
година се прогласува за ништовна.
Начевски доби доживотна суспензија од структурите на РФМ поради вулгарен однос, вербални навреди и неспортско дејствување недолично за функционер на РФМ. Случајот беше отворен по пријава на членот на Управниот одбор на РФМ, Мирјета Бајрамовска, откако Начевски вербално недолично навредувал членови на УО како и членови на раководството на Ракометната федерација. Начевски, кој беѓе и делегат во Ракометната федерација, беше исклучен од структурите на федерацијата со забрана на вршење било каква активност во ракометот.