Николас Кејџ сака да се врати во продолжение на „Без лице“

Минатата година се разговараше за продолжение на акциониот трилер Face Off („Без лице“).

По неодамнешната премиера на „Неподносливата тежина на големиот талент“ во кој Николас Кејџ (58) се глуми себеси, а кој дава приказ на неговата актерска кариера, фановите се прашуваат што е следно и каде ќе се појави.

И тој самиот откри дека е заинтересиран да се појави во евентуално продолжение на блокбастерот „Без лице“, во кој глумеше заедно со Џон Траволта.

„Можам да зборувам затоа што имаше неколку телефонски повици со Нил Мориц, со кој многу уживав кога работев на првиот Face Off. Тој е еден од вистинските, големи продуценти во Холивуд. Можно е да има втор дел,“ изјави Кејџ во интервју за ComicBook.

Треба да знаете
Последни објави