Шпанскиот фудбалски гигант Барселона се договори со Роналд Араухо за продолжување на соработката до 30 јуни 2026 година.Новиот догвор предвидува клаузула за предвремен раскин во износ од една милијарда евра – како кај Ансу Фати и Педри.
Официјалното потпишување на новиот договор ќе се одржи во петок на 29 април на стадионот „Камп Ноу”.
Претходниот договор на Уругваецот со клубот беше со важност до летото 2023 година.
Дваесет и тригодишниот централен бек оваа сезона забележа 39 настапи за каталонскиот клуб во сите натпреварувања и постигна четири гола.