Тренерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити, трофејниот шпански стратег Пеп Гвардиола проговори за победата против Реал Мадрид (4:3) во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите.
– Сите се забавуваа, сакавме да победиме со голема разлика, но 4:3 не е лош резултат. Ќе одиме во Мадрид да ја играме нашата игра. Ова е Реал Мадрид, тие имаат одлично оружје во нападот. Кога тренерот ќе го види неговиот тим како игра вака, резултатот е најмалку важен, дури и да е полуфинале од Лигата на шампионите. Дали се забавував? А кој не беше, иако резултатот 8:0 ќе беше подобар. На Јупитер и Марс тоа може да се случи, но против Реал Мадрид тоа обично не се случува, изјави Гвардиола.
Реваншот е закажан за 4 мај во Мадрид.