Голем кикс на Интер- Раду ѝ подари победа на Болоња, а можеби и титула на Милан

Болоња стигна до сензационална 2:1 победа над Интер во одоложениот меч во Серија А, за да ја уништи пансата на „нераѕурите“ да се вратат на првото место на табелата на само четири кола пред крајот на сезоната, и така да му направат услуга на Милан, кој останува лидер со два поени предност пред градскиот ривал.

Иван Перишиќ ги донесе гостите во водство по само три минути игра, но Марко Арнаутовиќ успеа да израмни во 33. минута од мечот, пред Никола Сансоне да ги шокира гостите во 82. минута од мечот.

Јонут Раду, голманот кој многу ретко брани за „нероаѕурите“, направи катастрофална грешка. Еден од бековите на Интер од аут му ја дофрли топката, но то ја промаши речиси на гол-линијата, а дотрча Сансоне и ја стави во мрежата.

Во вториот одложен меч, Торино и Аталанта одиграа трилер 4:4 реми, во кое домаќините пропуштија водство од 4:2.

Треба да знаете
Последни објави