Српскиот „Рабио“ како го викаат Ѓорѓе Гордиќ, талентираниот 17-годишен играч на тамошниот фудбалски прволигаш Младост Лучани ќе биде нов играч на англискиот премиерлигаш Манчестер сити. Гордиќ, кој во ноември ќе стане полнолетен наскоро треба да потпише договор со „граѓаните“ според кој Младост ќе добие 2,2 милиони евра.
Гордиќ додека стане полнолетен речиси сигурно и во следната сеозна ќе остане во Младост, но како позајмен од Манчестер сити и според договорот, за секој одигран меч „граѓаните“ на клубот од Лучани ќе му плаќаат по 10.000 евра. Покрај ваквото сценарио во игра е и преселба на Гордиќ како позајмен во Холандија, пренесуваат српските медиуми.
За талентираниот Гордиќ, кој игра во средниот ред, интерес да го доведат во своите редови покажаа и српските великани Црвена ѕвезд и Партизан, како и италијанската Аталанта и белгискиот Бриж.