Во Ракометната федерација на Македонија денес се одржа извлекување на полуфиналните парови од купот во машка и во жанска конкуренција.
Фаворитите за трофејот во машка конкуренција Вардар и Еуорфарм Пелистер се избегнаа во полуфиналето.
Полуфинални парови во машка конкуренција:
13 мај: (17 часот) Еуорфарм Пелистер 2 – Вардар
(20 часот) Бутел – Еурофарм Пелистер.
Полуфинални двојки во женска конкуренција:
14 мај: (14 часот) Куманово – Металург
(17 часот) Ѓорче Петров – Чаир.
Финалните средби се закажани за 15 мај, од 17 часот женското финале, од 19:30 часот машкото финале.
Сите натпревари ќе се играат во Сала „Јасмин” во Кавадарци.