(Видео) Мајами ја исфрли Атланта и се пласира во полуфиналето на Истокот

Мајами по Бостон е вториот тим кој стаса до потребните четири победи во пресметката со Атланта, во кошаркарскиот пеј-оф од најсилната лига во светот – НБА и избори пласман во полуфиналето на Источната конференција. Тимот од Флорида ја совлада Атланта со 97:94 и со вкупни 4-1 во победи се пласира во полуфиналето. Мајами настапи без двајцата стартери Џими Батлер и Кајл Лаури, но лидерската позиција ја презедоа Виктор Оладипо со 23 поени и Бам Адебајо со 20 поени. Деандре Хантер со 35 поени беше најефикасен во редовите на Атланта. Мајами во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Филаделфија и Торонто.

Ланскиот финалист Феникс со 112:97 го победи Њу Орлеанс и поведе со 3-2 во серијата кој прв до четири триумфи. Микал Бриџис со 31 поен и Крис Пол со 22 поени беа најефикасните поединци кај Феникс, додека Брендон Инграм со 22 поени беше најефикасниот кај Њу Орлеанс.

Џа Морант ги постигна последните 13 поени за Мемфис меѓу кои и решавачкиот кош на само неколку секунди до звукот на сирената за тесна победа од 111:109 против Минесота и водство од 3-2. Морант го заврши натпреварот со постигнати 30 поени, а Карл Ентони Таунс со 28 поени беше најефикасниот поединец кај Минесота.

Треба да знаете
Последни објави