Марк Волберг, кој има четири деца – Ела (18), Мајкл (15), Брендан (13) и Грејс (12) – со сопругата Риа, во 1988 година беше во затвор поради обид за убиство откако нападна човек под дејство на дрога, а сега проговори за важноста на правилата и процесите во својот живот.
Во интервју за списанието Sorted, 50-годишниот актер вели: „Од првиот ден кога влегов зад решетки, знаев дека ќе морам да бидам силен и обучен во секој аспект од мојот живот, инаку ризикував да завршам таму.“
„Верувам дека сум подобра личност како бенефит на тоа што имам свои правила. И моите деца, исто така, го прифаќаат тоа – не е дозволено пцуење, никогаш никакво богохулење“.
Ѕвездата на „Отец Сту“ и еден од најплатените холивудски актери го промени својот живот откако навлезе во многу неволји како тинејџер. Неговата вера имаше голема улога во промената.
„Мојата мисија во животот е да се грижам за семејството, да се грижам за моите пријатели, и да се трудам да бидам подобар човек секој ден,“ додаде тој.
Библијата е дел од образованието. Марк, кој станува во 4 часот наутро и оди во црква по трчањето, призна дека е многу строг родител.
„Јас сум многу строг кога станува збор за училиште. Сакам тие да учат напорно и сериозно да го сфатат своето образование, а Библијата е дел од тоа. Тие треба да си ја завршат домашната задача навечер, не им дозволувам да гледаат филмови освен ако не е викенд“.