Ракометарите на Бутел вечерва забележаа убедлив триумф над Еурофарм Пелистер 2 во дербито на 6. коло од Суперлигата.
Предводени од репрезентативецот Марко Митев кој средбата ја заврши со седум погодоци, Бутел заслужено ги освои бодовите и се зацврсти на третото место на табелата со 12 бода.
Битолчани кои во еден момент во првото полувреме имаа предност од четири гола, на крајот загубија убедливо и останаа на четвртото место со седум освоени бода.
На првите две позиции се Еурофарм Пелистер и Вардар кои в недела во Битола го играат можеби мечот кој ќе го даде шампионот за оваа сезона.