Феенорд го совлада Олимпик Марсеј со 3:2 во првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига на УЕФА. Холандскиот тим е за нијанса поблиску до пласман во финалето иако ќе претстои реванш во Франција.
Десерс и Синистера брзо донесоа водство од 2:0 за Феенорд, но до крајот на првиот дел Олимпик Марсеј израмни преку Диенг и Жерсон. Сепак, на самиот старт на второто полувреме Десерс го постигна победничкиот гол за Феенорд.
Рома ремизираше 1:1 на гости против Лестер. Лоренцо Пелегрини обезбеди предност за тимот на Жозе Мурињо со голот во 15.минута, но во 67.минута Манчини си постигна автогол за конечни 1:1.
Реваншите се за седум дена во Марсеј и во Рим.