Македонската женска ракометна репрезентација денес ќе ги дознае противниците за групната фаза на Европското првенство. Ждрепката за ЕП 2022 кое ќе се одржи од 4-20 ноември е закажана за 17 часот во Љубљана.
Ќе бидат формирани четири групи со по четири репрезентации, а Ц-групата ќе се игра во Скопје.
Пред извлекувањето учесниците на ЕП 2022 чиј домаќини ќе бидат уште и словенечките градови Љубљана и Целје, како и црногорската престолнина Подгорица, се поделени во четири рејтинг барабани:
Прв барабан: Норвешка, Франција, Данска и Полска
Втор барабан: Холандија, Црна Гора (Д-група), Унгарија (А-група) и Шведска
Трет барабан: Македонија (Ц-група), Словенија (- група), Хрватска и Германија
Четврти барабан: Шпанија, Романија, Србија и Швајцарија.