(Видео) Фудбалерите на Болоња со серенада го расплакаа Михајловиќ

Додека српскиот фудбалски тренер Синиша Михајловиќ е во болница, неговиот тим Болоња како домаќин го совлада актуелниот италијански првак Интер (2:1) и го симна од првата позиција во битката за одбрата на титулата со градскиот ривал Милан. Болоња со овој триумф можеби го реши и прашањето околу новиот шампион на Италија на четири кола пред крајот на трката за скудетото во Серија А.

Шефот на стручниот штаб на Болоња Михајловиќ беше воодушевен од неговите фудбалери, кои се собраа пред болница и почнаа да пејат.

„Ќе ме расплакате“, им кажа Михајловиќ кој ја има поддршката во битката со болеста.

Треба да знаете
Последни објави