Лејди Гага ја промовира песната за филмот „Топ ган: Маверик“

Лејди Гага изгледа подготвена да се искачи на небо во најновата објава на „Инстаграм“, во која ја промовира песната Hold My Hand за музиката на претстојниот филм „Топ ган: Маверик“.

Поп-ѕвездата (36) во средата сподели црно-белата фотографија од неа во бела маица без ракави и кожени панталони. Таа позира со раширени раце на едната страна на борбен авион.

Во описот на објавата стои: „Кога ја напишав оваа песна за Top Gun: Maverick, не ни сфатив колку слоеви се простираат преку срцето на филмот, мојата сопствена психа и природата на светот во кој живееме“.

„Многу сум им благодарна на Том Круз и Ханс Цимер и на режисерот Џозеф Косински за оваа можност – беше прекрасно искуство да се работи со нив“.

Треба да знаете
Последни објави