Ливерпул и Клоп почнаа преговори за нов договор

Англискиотм фудбалски премиерлигаш Ливерпул и германскиот стратег Јирген Клоп започнаа преговори за нов договор. Актуелниот договор на 54-годишниот Германец е со важност до летото 2024 година. Клубот сака да го задржи тренерот на клупата и по завршувањето на овој договор.

Ливерпул има намера да го продолжи договорот со Клоп за најмалку четири години. Според актуелниот договор, Јирген заработува 10 милиони фунти годишно, а финансиските услови од новиот договор сигурно ќе се подобрат – тој аспект не е проблем.

Друга работа е важна – Клоп секогаш изјавуваше дека ќе го потпише само договорот што ќе го одработи до крај. Затоа, чувствата на тренерот ќе бидат од клучно значење.

лоп е тренер на Ливерпул од 2015 година. За тоа време, тој освои 5 трофеи со клубот, вклучувајќи ги Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави