Почина Кане Танака, највозрасната личност во светот

Јапонка, официјално потврдена како најстара личност на светот, почина на 119 години.

Кане Танака е родена во 1903 година, истата година како Џорџ Орвел, во време кога Јапонија се појавува како глобална сила. Се омажила пред еден век и имала четири деца. Подоцнежните години ги поминала во дом за стари лица, каде што уживала да игра табла и да јаде чоколадо.

Годината на нејзиното раѓање, Теодор Рузвелт беше американски претседател, а Едвард Седми британски крал. Таа година, браќата Рајт го извршија првиот контролиран лет на нивниот авион со мотор. „Тур де Франс“ беше организиран за прв пат, потсетуваат медиумите.

По нејзината смрт, најстарата личност на светот сега е Лусил Рандон, 118-годишна калуѓерка од Франција.

Треба да знаете
Последни објави