Оскаровката Хали Бери ја истакна својата беспрекорна фигура и облини во сребрен комбинезон од брендот AMEN во рамки на презентација во Малибу во средата вечерта.
55-годишната мајка на две деца својот смел изглед го доплни со накит Mara Paris, избран од нејзината стилистка Линдзи Флорес.
Во објавата, Хали, исто така, ја означи својата фризерка Сара Севард и шминкерот Хорхе Монрој.
Бери, која може да се пофали со 15 милиони следачи на социјалните мрежи, напиша: „Животот не е секогаш совршен, но овој комбинезон е!“
Објавата на Мис Охајо 1986 доби блескави коментари од нејзините славни пријателки Габриеле Јунион и Хајди Клум.