Хамилтон: Јас ќе одлучам кога ќе заминам во „пензија“

Возачот на Мерцедес, седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, одговори на шпекулациите за негово пензионирање во скоро време.

Триесет и седумгодишниот Британец преку социјалните мрежи порача дека без разлика на резултатите во тековната сезона, тој сам ќе одлучи кога ќе си замине од Формула 1.

-На мене е да одлучам кога ќе биде крај, напиша во постот Хамилтон.

Возачот се натпреварува во Формула 1 од 2007 година. По четири трки во сезоната 2022 година, Британецот е седми во поредокот кај возачите со 28 бодови.

Претходно, советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, се пошегува дека Хамилтон завршил на 14. место на трката во Имола и згрешил што на ја завршил кариерата по крајот на минатата сезона.

Треба да знаете
Последни објави