Цел свет го прогласи мртов, а Рајола бил „само“ – тешко болен!

Речиси сите релевантни светски медиуми објавија дека еден од најпознатите фудбалски менаџери Мино Рајола почина, но недолго потоа почнаа да пристигнуваат деманти. Меѓу првите што ја демантираше веста беше италијанскиот новинар Фабрицио Романо кој го цитираше лекарот Алберто Зангрило од болницата Сан Рафаеле во Милано кој за новинската агенција АНСА рече дека е гневен поради јавувањата на новинарите кои шпекуирале за смртта на човек што се бори за живот.

– Револтиран сум од телефонските повици од псевдоновинари кои шпекулираат за животот на човек кој се бори да преживее – ги цитира Романо зборовите на докторот Зангрило.

Даниела Матар, од „Асошиетед Прес“, објави дека од менаџерската агенција на Рајола ѝ потврдиле дека менаџерот не е мртов.

Новинарот на Њујорк Тајмс, Тарик Панџа, пак, објави дека од британски менаџер добил информација дека Рајола не е починат, но дека е многу тешко болен.

На официјалниот профил на Твитер на Рајола се огласи и менаџеро.

– Нервозен сум, по втор пат за четири месеци ме убиваат. Се чини дека сум способен и за реанимација.

Контроверзниот агент во јануари годинава беше опериран во болница во Милано и дека се бори за живот, но не беа објавени повеќе детали. Според информациите до кои дојдоа италијанските медиуми, Рајола имал проблеми со бубрезите.

Рајола е роден во Италија во 1967 година, но најголем дел од детството го помина во Холандија каде стана менаџер. Тој е еден од најпознатите менаџери заедно со Жорге Мендеш.

Треба да знаете
Последни објави