За најдобриот кошаркар на Денвер, српскиот интеранционалец Никола Јокиќ заврши годинашната сезона во најсилната лига на светот НБА. Неговиот тим е елимниран во плејофот од Голден Стејт кој ја доби серијата со 4:1 во победи.
Јокиќ кој е актуелен МВП играч од мината сезона, номиниран е во трката за новото индивидуално признание сезонава. По елиминацијата од плеј-офот на Денвер, српскиот кошаркар на прес-конференција зборуваше и за МВП титулата.
-Никогаш не сум сонувал за МВП-титула, а ако се случи тоа пак, тогаш ќе прославам со музика и пиво. Со пријателите и семејството, како што треба да биде организирана една прослава. Се трудам да играм на вистински начин и тоа го правам цел живот, вели Јокиќ.