Поранешниот светски тениски рекет беој еден и шесткратен гренд слем шампион, Германецот Борис Бекер (54 г.) денеска од судот Саутворк во Лондон беше осуден на 2,5 години затвор поради прекршување на условите за банкрот, кој го прогласи во 2017 година. Трикратниот победник на неофицијалното светско тениско првенство како го нарекуваат љубителите на „белиот спорт“ турнирот Вимблдон, можеше да добие максимална казна од 7 години затвор според законот за несолвентност.
Судот утврди дека Бекер, по прогласениот банкрот во јуни 2017 година, префрлил стотици илјади фунти од својата сметка на други сметки. Тој исто така не го пријавил имотот во Германија и скрил банкарски кредит од 825 илјади евра и акции од една технолошка компанија, обвиненија кои ги негира Бекер.
Неговиот адвокат бараше пониска казна, аргументирајќи дека Бекер не ги потрошил парите на „раскошен живот“, туку на издржување на своите деца, станарина и правни и деловни трошоци.
Според сведочењата, банкротот на Бекер произлегол од заем од 4,6 милиони евра од една приватна банка во 2013, како и 1,6 милиони долари позајмени од британски бизнисмен една година подоцна.
На судењето Бекер рече дека од тенис заработил околу 50 милиони долари.