Утре се одржува традиционалната евровизиска забава во Скопје

Во организација на евровизискиот фан-клуб „ОГАЕ Македонија“, утревечер, со почеток во 21 часот, традиционално ќе се одржи евровизиска забава за испраќање на македонската делегација и на евровизиската претставничка Андреа во Торино.

На забавата во пресрет на евровизискиот натпревар посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните на досегашните македонски претставници.

Локацијата е „Нано бар“ во Дебар Маало, а влезот за сите евровизиски фанови е бесплатен.

Треба да знаете
Последни објави