Формирани уште две двојки за четвртфиналето во плејофот од НБА

Во разигрувањето за шампионската титула во НБА-лигата ноќта четврток кон петок на распоредот беа три средби од првото коло по кои познати се уште три четвртфиналисти.

Филаделфија, Феникс и Далас со победи на гостински терен стигнаа до четвртиот триумф во серијата и си обезбедија пласман во конференциските полуфиналиња.

Резултати:
Торонто – Филаделфија 97:132 (2-4 во победи)
Њу Орлеанс – Феникс 109:115 (2-4)
Јута – Далас 96:98 (2-4).

Во четвртфиналето ќе играат:
Мајами – Филаделфија
Бостон – Милвоки
Феникс – Далас
Голден Стејт – победникот од серијата Мемфис – Минесота (3-2 моментален резултат).

Треба да знаете
Последни објави