Најдобрата македонска тенисерка обезбеди ново финале во двојки на меѓународните турнири, овојпат на турнирот кој се одржува во Загреб, Хрватска.
Потсетување дека Лина Ѓорческа пред две недели ја освои титулата во дубл на турнирот во Санта Маргерита ди Пула во Италија.
Нашата тенисерка има шанса да се закити со нов трофеј, а нејзина партнерка во натпреварувањето е Ирина Хроманчева од Русија.
Третите носителки денеска во полуфиналето со резултат 2:0 во сетови 6:2 и 6:3 за еден час игра ги елиминираа вторите носителки Ксенија Кнол (Швајцарија) и Андреа Миту (Романија).
Претходно Ѓорческа и Хроманчева во осминафиналето беа подобри од Деа Хердзелас (Босна и Херцеговина) и Далила Јакуповиќ (Словенија) со 6:2, 4:6 и 10:8.
А во четвртфиналната рунда со 6:3 и 6:4 триумфираа против Хрватките Луција Чириќ Багариќ и Тара Вурт.