Британскиот актер и комичар Џејмс Корден, водител на популарното американско „Лејт лејт шоу“, најави дека се повлекува. 43-годишниот водител ja презеде должноста од Крег Фергусон во вечерната емисија на „Си-би-ес“ во март 2015 година, и, иако го продолжи актуелниот договор за една година, тој ќе го напушти шоуто во 2023 година.
Корден потврди за „Дедлајн“: „Беше навистина тешка одлука да заминам затоа што сум неизмерно горд на шоуто. Мило ми е што продолжувам уште една година.“
„Отсекогаш мислев дека ќе го правам тоа пет години, а потоа ќе заминам, но останував. Навистина долго време размислував, и сметам дека постои уште една авантура.“
Ѕвездата на „Гевин и Стејси“ признава дека тој и неговата сопруга Џулија – со која имаат деца три деца Макс (11), Кери (7) и Шарлот (4) – не знаат дали ќе се вратат во Велика Британија откако ќе му истече договорот.