Атаман: Повторно ќе ја освоиме Евролигата

Екипата на Ефес е вториот учесник на завршниот турнир во Евролигата. Тимот од Истанбул, во мај во Белград, ќе ја брани титулата освоена минатата сезона. Тенерот Ергин Атаман е убеден дека неговите избраници повторно ќе го кренат трофејот.

Не се случува толку често во Евролигата еден клуб двапати по ред да ја освои шампионската титула. Последен пат тоа му успеа на Олимпијакос во 2012 и 2013 година. Во овој век тоа му успеа и на Макаби во 2004 и 2005 година, а претходно Југопластика, Олимпија Милано во 80-тите, Цибона, Канту, Варезе и Реал двапати успеаја да ја одбранат титулата.

„Среќен сум за моите играчи. Заслужија да се вратат на фајналфорот. Минатата недела им реков дека повторно ќе ја освоиме титулата. Ќе ја одбраниме. Одиме на фајналфор и повторно ќе го освоиме“, изјави тренерот Ергин Атаман по победата над Армани.

Турскиот тим, со речиси непроменет состав, подолго време е на врвот во Евролигата. Во 2019 година го загубија финалето од ЦСКА, во сезоната откажана поради коронавирусот беа убедливо најдобри, а тоа го потврдија во 2021 година кога доминантно ја освоија титулата во Келн. Ефес во полуфиналето, во Белград ќе игра против подобриот од серијата Олимпијакос – Монако каде Грците водат со 2:1.

Треба да знаете
Последни објави