ЕХФ по стапките на УЕФА – И во ракометот ќе се укине правилото гол во гости

Европската ракометна федерација (ЕХФ) реши да го следи примерот на Европска фудбалска федерација (УЕФА) и да го укине правилото „гол во гости“ во натпреварувањата под нејзината ингеренција.

По иницијатива на комисијата за натпревари, Извршниот комитет на ЕХФ на својот последен состанок го потврди откажувањето на ова правило на сите клупски и репрезентативни натпреварувања од следната сезона, секако во нокаут-дуелите кои се играат според принципот „дома-гости“.

Оттаму очекуваат како и во фудбалот да се намали тактизирањето на клубовите со бројот на погодоци, а со тоа дека и самата игра ќе биде поатрактивна.

Треба да знаете
Последни објави