Јаховиќ во последно време не добиваше многу минутажа во својот клуб, одигра само два меча со повеќе од еден час на теренот, а пред две недели турски медиуми објавија дека Гирусенспор исто така е заинтересиран за македонскиот голгетер кој веќе шест години игра во Турција и двапати беше „бронзена копачка“ во Суперлигата. Зимоска Јаховиќ се поврзуваше и со трансфер во Бурсаспор, која игра исто така во второлигашката конкуренција.
Јаховиќ откако дојде во 2016 година во Гецтепе играше и за Коњаспор, Анталијаспор и Јени Малатија во изминатиов период, па ако направи трансфер, новиот клуб ќе му биде петти во кариерата. Сезонава даде само пет гола, а последниот минатиот викенд кога Гецтепе со реми и официјално испадна од лигата.