Екипата на Вардар излезе како победник од дербито против Воска Спорт во ВМФЛ – Запад и со тоа остана во игра за пласман во елитната конкуренција.
Избраниците на Грнчаров славеа со 1-0 со голот на Демир во второто полувреме и сега на две кола до крајот имаат „само“ три бода помалку од денешниот противник.
Официјално пак повратник во ПМФЛ е Силекс кој попладнево го потврди билетот со триумфот над Тетекс од 2-0. Двата погодоци во Кратови паднаа во вториот дел, стрелци беа Спиркоски и Калаонски.