Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски од редовите на шпанскиот ла-лигаш Рајо Ваљекано беше број еден во својот тим сезонава на дуелите против славната Барселона, кои неговит тим ги доби со по 1:0. На првиот меч како домаќини одбрани и пенал и го „смени“ тренерот Роналд Куман и почна на големо да се зборува пред крајот на минатат година за негова преселба во Барселона.
-Ќе видиме што ќе се случи на лето. Сега се чувствувам полн со сила, имам многу искуство и натпревари зад мене, мислам дека сега е вистинско време да одам во подобар тим, каде што би можел да напредувам, да направам нови успеси, можеби да се преселам во нова лига. Навистина сум подготвен за тој чекор напред – рече Димитриевски во интервјуто за „mozzartsport.com“.