Повеќе од 23 милиони барања за влезници за СП во Катар

Во последниот круг продажба на влезници за Светското фудбалско првенство во Катар, ФИФА прими дури 23.5 милиони барања за билети, што е десет пати повеќе од бројката со која се располага.

Најмногу барања за влезници пристигнале од Аргентина, Бразил, Англија, Франција, Мексико, Катар, Саудиска Арабија и САД.

Најбарана е влезницата за финале на 18 декември, а најголема побарувачка за групната фаза има за натпреварите Аргентина – Мексико, Аргентина – Саудиска Арабија, Англија – САД и Полска – Аргентина.

Влезниците за Мундијалот во Катар се во просек за 30 отсто поскапи во споредба со Мундијалот во Русија 2018.

Најскапиот билет за финалето чини 1.600 долари што е за 45 отсто повеќе отколку пред четири години.

Треба да знаете
Последни објави