По пауза од 38 години: Трабзонспор е нов шампион на Турција!

Трабзонспор по седми пат е шампион на Турција, а првпат после 1984 година. Вечерва тимот од Трабзон на својот преполн стадион одигра 2-2 против Анталијаспор, и тој бод беше доволен за обезбедување на титулата на три кола до крајот.

Навивачите беа пресреќни, дел од мечот се играше во „облаци од чад“ после запалените факели, а во финишот нервозата беше голема, бидејќи со нетрпение се чекаше последниот судиски свиреж.

Илјадници навивачи влетаа на терен уште пред судијата да отсвири крај, лудилото прилично брзо беше смирено, па кога официјално беше готово, следуваше огромна радост и нова инвазија.

Треба да знаете
Последни објави