Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) му позајми 250.000 евра на Партизан и така го спаси од исфрлање од Европа со одземање на лиценцата за настап на меѓународната сцена. Со оваа позајмица Партизан треба да го реши проблемот со долговите кон швајцарскиот Лугано и да ја укине забраната за трансфери која е на сила до 2024 година, пренесуваат српските медиуми.
Откако стигна казната поради неисплатени долгови за Филип Холендер, се вмеша и ФИФА, па така „црно-белите“ некое време беа под условна казна. Партизан можеше да остане без лиценца, но тогаш реагираше поранешниот генерален секретар на ФСС, а моментално директор на УЕФА, Зоран Лаковиќ, кој ги увери сите да го пролонгираат усвојувањето на казната за 24 часа, со ветување дека Партизан ќе ги исплати долговите.
ФСС со позајмица ги спаси „црно-белите“ од исфрлање од европските натпреварувања.