Астон вила подобар од Норич, Барнли го доби дербито на дното

Астон вила ја прекина лошата серија во Премиерлигата и славеше со 2-0 против Норич во 35. коло, додека Барнли го доби дербито на дното против Вотфорд со 2-1 и направи чекор кон опстанок во елитата.

Екипата на Стивен Џерард поведе со голот на Воткинс во 41. минута, а победата ја потврди Вингс во судиското надополнување на вториот дел.

Барнли губеше во текот на целиот меч, откако Тарковски си постигна автогол во осмата минута, но сепак во финишот од мечот го скрши противникот со головите на Корк и Браунхил.

На останатите натпревари Кристал Палас го совлада Саутемптон со 2-1, додека Брајтон го победи Вулверхемптон со 30.

Треба да знаете
Последни објави