Вест Хем ги идентификува напаѓачите на германските радиокоментатори

Премиерлигашот Вест Хем објави дека ги идентификувал двајцата навивачи кои во четвртокот вечер, наводно, нападнале двајца германски радио коментатори за време на првиот натпревар од полуфиналето во Лига Европа во кој лондонскиот клуб загуби со 2-1 од Ајнтрахт Франкфурт.

– Во согласност со нашата политика за нулта толеранција кон насилството, податоците за напаѓачите и се предадени на полицијата која ќе спроведе сопствена истрага. Доколку сторителите бидат прогласени за виновни ќе им биде забранет влез на лондонскиот стадион на неодредено време и нема да можат да патуваат со тимот на гостински натпревари. Таквото однесување е неприфатливо и нема да биде толерирано во Вест Хем, изјави клупскиот портпарол.

Репортерите Филип Хофмајстер и Тим Брокмејер, кој работат за регионалната германска радио-станица Хесишер Рудфунк, тврдат дека биле нападнати откако во 21 минута на натпреварот Антонио го постигна израмнувачкиот гол за Вест Хем, за на полувремето да бидат преместени на друга локација на трибините.

Треба да знаете
Последни објави