Со два натпревари кои се на програмата во Штип и Тетово попладнево ќе биде отворено 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Фудбалерите на Шкупи, кои минатата недела и теоретски ја обезбедија шампионската титула на четири кола до крајот на сезоната, од 17 часот и гостуваат на штипска Брегалница, додека во истиот термин Шкендија му е домаќин на Работнички.
Преостанатите четири натпревари се на програмата утре, а се среќаваат Борец – Скопје, Македонија ЃП – Академија Пандев, Пелистер – Тиквеш и Струга – Ренова.
Табела: Шкупи 71, Академија Пандев 58, Шкендија 56, Македонија ЃП 53, Брегалница 39, Струга 39, Ренова 38, Работнички 37, Тиквеш 30, Скопје 29, Борец 18, Пелистер 10.