Актуелниот македонски ракометен шампион во машка конкуренција скопски Вардар го победи Еурофарм Пелистер во Битола со 26:23 во дирекната пресметка за одбрана на титулата и повторно се искачи на лидерската позиција на три кола пред крајот на сезоната. Вардар кој кисираше во правиот меч со „фармацевтите“ во Скопје, го возврати ударот и со еден бод повеќе повторно ја има пол-позицијата на табелата во финишот од сезоната.
„Црвено-црните“ во драматичен дуел успеаја да слават поради подобрата игра во последните десетина минути, кога нивното искуство беше решавачко кој ќе слави во салата „Боро Чурлевски“. Битолчани и покрај громогласната поддршка од трибините не усепјаа да победата и по 17 години пауза можеби да го вратат шампионскиот пехар во Битола.
Мечот почна со израмнета игра на двете страни, Бабиќ стартуваше со Танкоски на местото на повредениот Периќ, додека Дејвис го избра Додиќ како замена за Гаџа. Влогот беше огромен, што придонесе да дојде и до грешки на двете страни, па првите десетина минути минаа во израмнета игра во која ниту еден од тимовите не водеше со поведе од еден гол разлика. Како што одминуваше времето така Вардар се ослободуваше од притисокот, па благодарение на цврстата одбрана „црвено-црнитее“ се одлепија и поведоа со 6-9, со головите на Гоце Георгиевски и на Моралес, но сепак финишот од првиот дел им припадна на домаќините и на одмор се замина со 11:11.
Во второто полувреме до самиот финиш ривалите не можеаа да се одлепат. Резултатот во неколку наврати беше израмнуван (11:17, 19:19, 21:21) за да во финишот гостите од Скопје да дојдат до предност од три гола (22:25) која ја сочуваа до крајот на мечот.
Куни Моралес со девет гола беше најефикасен кај Вардар, шест погодоци постигна Филип Талески, додека кај Еурофарм Пелистер Обрадовиќ со пет и Граџан со четири гола беа најефикасни.