Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ја обвини Украина дека ги саботира преговорите со Русија.
Во интервју за италијанската телевизија Медиасет, Лавров рече дека е „целосно рамнодушен кон она што Володимир Зеленски го негира или не го негира“.
Тој додаде дека украинскиот претседател „не може да биде прикриен“ и дека „може да ја менува својата позиција неколку пати во еден ден“, пренесува РИА Новости.
-Го слушнав како вели дека не треба да се зборува за демилитаризација и денацификација за време на разговорите. Тие осум години ги саботираат тие преговори, како и договорите од Минск, рече Лавров.