Првата слика на компанијата „Makar Technologies“ покажува како е уништена секоја зграда во близина на последното упориште на Украинците во Мариупол, пренесуваат медиумите во регионот.
Во написите стои дека некои згради се претворени во урнатини. Многу станбени и владини згради источно од челичарницата се целосно срамнети со земја.
Си-Ен-Ен претходно објави дека украинските сили и стотиците преостанати жители се засолниле во длабоки челични подруми. Од сателитските снимки, како што пишуваат, не е јасно дали при воените напади бил уништен некој од подрумските објекти,
Свјатослав Паламар, командант на Азовскиот полк во фабриката, за Си-Ен-Ен изјавил дека фабриката за челик е силно гранатирана од сите страни.
„Има подруми и бункери до кои не можеме да стигнеме бидејќи се под урнатини. Не знаеме дали таму живеат луѓе или не. Меѓу нив има деца од четири месеци до 16 години“, кажал Паламар.