Променливо облачно со повремени врнежи, од среда потопло

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде ќе се задржат и во текот на ноќта.

Како што соопшти УХМР, максималната температура ќе биде од 13 до 19 степени.

Во следните два дена ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд.

И утре, особено во западните делови врнежите на места ќе бидат пообилни. Од среда дневната температура ќе биде во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Треба да знаете
Последни објави