Феникс санс е казнет од раководството на НБА-лигата поради прекршување на правилата за списокот со повредени играчи пред натпреварот број 6 од плејоф серијата против Њу Орлеанс.
„Сонцата” не успеаја навреме да го пријават учеството на еден од своите најдобри кошаркари, кој ги пропушти третиот, четвртиот и петтиот натпревар од серијата поради повреда на тетивата.
Како резултат на одлуката на лигата, Санс се обврзани да платат казна од 25.000 долари.
Феникс успеа да победи на натпреварот одигран в петокот и со вкупни 4:2 ја доби серијата со Њу Орлеанс.
Во четвртфиналето од плејофот, противник на Феникс ќе биде Далас маверикс.