Бил Гејтс по разводот: Сам сум во вила со 18 бањи, децата ги нема, Мелинда го зеде кучето

Бизнисменот и еден од најбогатите луѓе во светот, Бил Гејтс, зборуваше за приватните детали од бракот и разводот со поранешната сопруга Мелинда.

„Секој брак, како што децата си заминуваат од дома, минува низ транзиција. Мојот, за жал, помина низ оваа транзиција наречена развод. Но од моја гледна точка, тоа беше одличен брак. Јас не би го менувал. Не би се одлучил да се оженам за некоја друга“, изјави Гејтс во интервју за „Сандеј Тајмс“. Тврди дека најтешко му било кога децата си заминале од дома. И најмладата ќерка отишла на факултет и сега нивната вила во Сиетл со 18 бањи е празна.

Ја имам оваа прекрасна куќа која е погодна за големи дискусии. Но, најчесто ми изгледа преголема. Јас сум само мала личност“, вели Гејтс.

„Ми недостигаат нередот и вревата. Не се занимавам премногу со домашни работи, но во нормални денови секогаш ги миев садовите бидејќи бев добар во тоа, а едно од децата ми помагаше“, додава тој. Тој раскажа и каков однос има со Мелинда по разводот. Бил вели дека е среќен што сè уште може да работи со неа и понекогаш се гледаат.

„Имаме важна, сложена, блиска врска во која решивме да работиме заедно. И многу сум среќен што почнавме да работиме заедно. Заедно ја изградивме Фондацијата. И имаме три неверојатни деца“, раскажува тој.

„Тагувам на ист начин како и таа. Да. Знаете, растевме заедно. Кога се оженив, ‘Мајкрософт’ беше голема работа. Но, јас бев млад 38-годишник, а таа зрела 28-годишна жена… Тоа е повеќе од половина од мојот возрасен живот. Направивме многу заедно“, додава тој.

Бил признава дека прилично лесно се договорил со Мелинда за распределба на имотот и парите.

„Таа го доби кучето. Ме уби за него. Се шегувам. Светот треба да знае колку сум малтретиран. Не, се шегувам. Не бевме злобни еден кон друг”, вели Гејтс.

За потсетување, Бил и Мелинда Гејтс објавија дека се разведуваат на почетокот на мај минатата година. Во брак беа 27 години. Тие се запознале во доцните 80-ти, кога Мелинда се приклучила во фирмата „Мајкрософт“, а се венчале во 1994 година.

Треба да знаете
Последни објави