Рома не успеа да ја победи Болоња на домашен терен (0:0) и ќе влезе со ист број бодови со градскиот ривал Лацио во последните три кола од италијанската фудбалска Серија А. „Волчицата“ има амбиции да ја освои Конференциската лига, па Жозе Мурињо вечерва реши да одмори дел од своите најважни играчи, иако Пелегрини и Ејбрахам добија шанса во завршните триесетина минути. Болоња пристигна во Рим по големата победа над Интер.
Ремито на „Олимпико“ е одлична вест за Наполи и Јувентус, бидејќи двете екипи сега и теоретски имаат гарантиран пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Јувентус и минатата сезона избори место во елитата, додека Наполи две години по ред играше во Лига Европа.
Тимот на Елмас, Наполи има 11, а Јувентус 10 бода повеќе од Рома и Лацио, па на овие две екипи им останува да се борат само за петтото место.