Зеленски со порака до Русите: Подобро е да преживеете во Русија отколку да умрете во нашата земја

Од почетокот на руската инвазија на Украина, загинаа повеќе од 23.000 руски војници, изјавил украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Покрај тоа, уништени се повеќе од 1.000 руски тенкови и речиси 2.500 други воени возила“, рече тој во својот вечерен говор, истакнувајќи дека е тешко да се процени вистинската големина на загубите, пренесуваат светските агенции.

Москва претходно призна дека од почетокот на војната се убиени повеќе од илјада Руси, а проценува дека бројот на убиени украински борци е повеќе од 23.000.

Украинскиот претседател, исто така, изјавил дека очекува Русија да собере дополнителни војници за напади во источна Украина и апелираше до руската војска за време на неговиот говор.

„Секој руски војник сепак може да си го спаси животот. Подобро е да преживеете во Русија отколку да умрете во нашата земја“, кажал тој.

Треба да знаете
Последни објави