Лавров: Украина ги саботира преговорите со Русија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска ја обвини Украина дека ги саботира преговорите со Русија.
Во интервју за италијанската телевизија Медиасет, Лавров рече дека е „целосно рамнодушен кон она што Володимир Зеленски го негира или не го негира“.
Тој додаде дека украинскиот претседател „не може да биде прикриен“ и дека „може да ја менува својата позиција неколку пати во еден ден“, пренесува РИА Новости.
-Го слушнав како вели дека не треба да се зборува за демилитаризација и денацификација за време на разговорите. Тие осум години ги саботираат тие преговори, како и договорите од Минск, рече Лавров.
Треба да знаете
Последни објави